ФОТО: Светот се обедини околу Ериксен, поддршка стигна и од ФФМ

Здравствената состојба на Кристијан Ериксен е стабилна и тој ќе остане под медицинскки надзор во болницата во Копенхаген. Цел фудбалски свет се обедини околу фудбалерот на Интер, чиј пад предизвика неверица и загриженост кај сите кои со посредство на телевизискиот пренос го следеа натпреварот.

Сите пријатели на фудбалот и добронамерници упатија охрабрувачки пораки на поддршка за данскиот плејмејкер. Меѓу нив беше и Фудбалската федерација на Македонија, која веднаш упати мотивирачка порака до Ериксен да издржи во својата борба.

Благодарение на брзата реакција на соиграчите и лекарската служба, спасен е живототот на најдобриот дански фудбалер. Данска загуби од Финска со 0-1, во натпревар кој беше доиграч скоро два часа по принудниот прекин.