Светот полуде по Јамал, а тој стои цврсто на земја: „Сакам само да уживам“!

Шпанија е првиот патник во финалето на Европското првенство во Германија, откако во Минхен со 2-1 беше совлада селекцијата на Франција. Во таборот на „фуријата“ блесна младиот Ламин Јамал, кој во 21. минута постигна гол кој сигурно ќе конкурира за најатрактивен на шампионатот. 

Но, од синоќа најмладиот стрелец во историјата на Европските првенства стои цврсто со двете нозе на земја. Иако светот полуде по неговиот смел однос, техника, шутирање и атрактивни голови како оној во мрежата на „триколорите“.

„Нанишанив точно во горниот агол, каде што и заврши топката и беше чувство на чиста возбуда. Се трудам да не размислувам премногу за тоа што се случува. Сакам само да уживам и да му помогнам на тимот“, рече Јамал по победата.

Ден пред финалето со Англија или Холандија, Јамал ќе го прослави својот седумнаесетти роденден.

Состави

Луис де ла Фуенте

4-2-3-1

    Дидие Дешамп

    4-3-3