ВИДЕО: Светот му се поклонува на Кубо, јапонското „чудо од дете“ е идна суперѕвезда

Кубо

Новиот соиграч на Александар Трајковски во Мајорка, Такефуса Кубо, блеска и во репрезентативниот дрес на Јапонија.

Тинејџерот покажа дека е од светска класа на мечот против Уругвај и со неколку потези го одушеви светот. Противниците се вртеа околу него како да е искусен ветеран и со стотици натпревари во своите нозе, а не како да има само 18 години.

Погледнете ја мајсторијата на Кубо на мал простор:

По едногодишната позајмица на Балеарските острови, Јапонецот ќе се врати во Реал Мадрид