„Светците“ не се плашат од разиграниот Вест Хем

Саутемптон

Стадионот „Сент Мери“ ќе биде местото каде ќе гледаме еден од двата премиерлигашки дуели во осминафиналето од ФА Купот и тоа оној поинтересниот – се сомневаме дека Ливерпул, кој е полн со адреналин по освојувањето на Лига Купот во неделата, ќе има сериозни проблеми со недораснатиот Норич.

Сите квоти на MOZZART од натпреварите во ФА Купот >>>

Откако компанијата Спорт Рипаблик, чиј газда е српскиот бизнисмен Шолак, стана главен инвеститор и на петт јануари купи 80% од акциите на Саутемптон од кинескиот милијардер Га Џиншенг, екипата од Хемпшир се препороди, а поради фактот што лондонскиот ривал Вест Хем игра доста добро и во Англија и во Европа, сигурно е дека следи квалитетен и неизвесен дуел. На сето тоа во прилог оди и тоа што Саутемптон во изминатите два месеци славеше на гости кај Тотенхем и ремизираше со двата „тешкаши“ од Манчестер, но и податокот дека оваа сезона дома загуби само еднаш (од Вулверхемптон, пред крајот на септември). Од друга страна, избраниците на Дејвис Мојс врзаа пет натпревари без пораз, па и тие имаат доста причини да се надеваат на пласман меѓу осумте најдобри.

Сите квоти на MOZZART од натпреварот Саутемптон - Вест Хем >>>

Меѓутоа, кецот има блага предност затоа што тимот на австрискиот стручњак Ралф Хазенхитл е свеж затоа што не игра на меѓународната сцена, а исто така е и под помал притисок во првенството во кое му е загарантирана средината на табелата. Притоа, „светците“ на неодамнешниот Боксинг деј триумфираа баш против Вест Хем со 3-2, и тоа како гости, па може да се каже дека имаат рецепт за овој ривал, ама и „чеканите“ реално можат да ја затресат мрежата.