„Светците“ го гасат пеколот на „Велодром“

Марсеј серијатa лоши резултати конечно ја прекина минатиот викенд против Лориент на свој терен (4-1), а единствено што не му беше потребно пред дербито со Пари Сен Жермен е дуелот во Лига Европа против Лацио во четвртокот. Парижаните својот европски дуел го одиграа во вторникот против РБ Лајпциг, па имаа малку повеќе време да се подготват за ова тешко гостување.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Олимпик Марсеј - ПСЖ

Сепак, факт е дека притисокот на Велодром често може премногу да го оптовари домашниот тим. ПСЖ во своја корист реши шест од седумте последни меѓусебни пресметки на овој терен, со едно реми, додека Олимпик последен пат како домаќин го совлада овој ривал на далечниот 27 ноември 2011 година кога резултатот беше убедливи 3:0. Минатата сезона, двата тима славеа како гости во првенствените мечеви. Марсеј победи на „Паркот на принцовите“ со 1-0, додека во Марсеј беше 0-2. 

Иако парижаните се убедливо први на табелата, општ впечаток е дека Маурисио Почетино уште не го вади целосниот потенцијал од екипата која е моќна, па се наоѓа на мета на критики. Тоа се покажа против РБ Лајпциг во Лигата на шампионите (3-2), но баш ваквите натпревари може да влијаат на комплетната атмосфера во клубот и екипата. 

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во Лига 1

Нема сомнеж дека Марсеј како и секогаш на свој терен ќе го нападне ривалот и ќе се обиде да дојде до голема победа, но баш таа ситуација уште еднаш може да го погоди ПСЖ. „Светците“ во таква ситуација можат да му нанесат на ривалот тежок удар. Веруваме во победа на гостите, па двојката дефинитивно е прв избор кога е во прашање типувањето на овој пар. Може да има и голови на двете страни.