• Зоран Мишевски
Еден од најубавите голови во досегашниот дел од 2016 година и можеби и кандидат за наградата „Ференц Пушкаш“ на ФИФА е голот на фудбалерот на Викинг, Бјорн Даниел Сверисон на мечот со Валеренга. Сила и прецизност се споени во прекрасната изведба на фудбалерот за врска на гостинската екипа.
Подоцна Брингакер ја потврди победата на гостите со втор гол, овој пат многу пообичен од ремек-делото на Сверисон.