ВИДЕО: Леванте без суспендираниот Барди ремизираше против Сосиедад

Сосиедад

Енис Барди не беше дел од денешното реми на Леванте во дуелот со Реал Сосиедад (1-1). Македонскиот интернационалец паузираше поради жолти картони и остана надвор од конкуренција.

  • Извештај од натпреварот:

Головите пристигнаа во раната фаза од натпреварот, во период од само четири минути. Остатокот од мечот не донесе возбудувања и промена на резултатот, па екипите се задоволија со поделба на бодовите.

Исак со итар удар искористи одлична асистенција на Ојарзабал уште во 12. минута. Домашните фудбалери бараа реакција од судијата поради наводен фаул кој му претходеше на акцијата.

Гостинско славје спречи Морале само неколку акции подоцна. Тој се најде на вистинското место и испрати неодбранлив удар во долниот десен агол.

Натпреварот беше израмнет, па овој резултат можеби е најправеден, ако се земат предвид случувањата на „Олимпик Камило Кано“.