Суспендирани судиите кои не видоа фаул врз Кунде и му „дадоа“ пенал на Вини!

Комитетот на судии во шпанска Примера донесе одлука за суспензија на ВАР-судијата поради тоа што не реагирал при очигледен прекршок на Жил Кунде на натпревар против Жирона.

Одлуката следува по анализата на спорната ситуација од натпреварот помеѓу Џирона и Барселона, во која не беше досудена санкција и покрај интервенцијата што предизвика бројни реакции во јавноста, а по која падна гол за победа на домашната екипа.

Покрај тоа, суспендиран е и ВАР-судијата од мечот на Реал Мадрид, кој одобри пенал по наводна симулација на Винисиус Жуниор. Според проценката на Комитетот, одлуката не била во согласност со правилата и стандардите на судење, поради што е преземена дисциплинска мерка.

Од Комитетот засега нема дополнителни детали околу должината на суспензиите, но порачуваат дека ќе продолжат со строга примена на критериумите со цел да се зачува интегритетот на натпреварувањето.