• Иван Димовски
Судијата кој ја делеше правдата на последното „Дерби на Италија“, Федерико Ла Пена, е суспендиран на еден месец од страна на Судиската комисија на Италија. Првиот човек на комисијата, Џанлука Роки, оценил дека судијата имал многу слаба вечер и направил очигледни грешки, особено при исклучувањето на дефанзивецот на Јувентус, Пјер Калулу.
Французинот прво доби жолт картон по дуелот со Николо Барела, а десет минути подоцна беше испратен во соблекувалната по контакт со Алесандро Бастони. Според оценката на комисијата, вториот прекршок бил непостоечки и апсурден. Во извештаите се наведува дека Бастони симулирал во обид да изнуди втор жолт картон за противникот, а Ла Пена наседнал и донел погрешна одлука.
Роки препорачал пауза од еден месец не само поради лошото судење, туку и поради сериозните закани кои ги доби судијата.
<<< - ПОВРЗАНО - Црвениот картон за Калулу доведе и до смртни закани за судијата Ла Пена!









