• Горан Упале

По само четири месеци соработка, Кеба Кебел Сусо, ги напушти редовите на Вардар. Најтрофејниот македонски фудбалски колектив ја оствари зацртаната цел во сезоната и обезбеди опстанок во елитата, а новата сезона во ПМФЛ ќе ја започне со големи промени во играчкиот кадар.
По заминувањето на Глишиќ, Вардар се раздели и со 26-годишниот напаѓач од Гамбија. Сусо во Вардар пристигна во февруари од екипата на Јадран Декани од Словенија, каде постигна 7 голови на 12 натпревари, а претходно во кариерата настапуваше и за екипите на Атард и Викторија Хотспурс на Малта.
Сусо за Вардар одигра 13 натпревари, но не се прослави, бидејќи не постигна ниту еден гол.