ВИДЕО: Сурова одмазда на хулиганите на Малме, запалена статуата на Златан!

Златан статуа

Откако се дозна дека Златан Ибрахимовиќ купи половина од акциите во екипата на Хамарби, навивачите на Малме постојано се во центарот на вниманието.

Тие не се задоволни од ова „предавство“ на нивниот миленик, па својот гнев го исфрлија на неговата статуа. Најпрво на неа ставија даска од ВЦ даска и ѓубре, а потоа се обидоа со бакли да ја запалат и целосно да ја уништат.

Познато е дека Ибрахимовиќ ја започна кариерата во Малме, каде ги направи првите фудбалски чекори. Потоа замина во Ајакс, а остатокот од неговата кариера е авантура во најсилните европски клубови.