• Мартин Танасковски

Српскиот фудбалски тренер Владан Милојевиќ официјално е назначен за старо-нов тренер на белградска Црвена Звезда.
Вторпат во кариерата Милојевиќ ќе го води српскиот фудбалски првак и ќе има за задача да ја спаси сезоната. На клупата тој го наследува Барак Бахар од Израел кој доби отказ по поразот во „вечното дерби“ од Партизан (1-2) и елиминацијата во Лигата на шампионите.
Во претходниот мандат од 2017 до 2019 година Милојевиќ оствари историски резултати. На интернет-страницата, српскиот стратег е најавен како култниот херој „Супермен“.