Суперлигата е жива: Шеесет клубови сакаат да бидат дел од новиот проект

Светот на фудбалот е изненаден од најновата идеја за формирање на Суперлига. На хартија Реал Мадрид и Барселона се единствените страни кои сè уште се поврзани со проектот Суперлига кој беше претставен во 2021 година и останува во мирување. Флорентино Перез и натаму тврди дека Суперлигата е жива, а компанијата што треба да го организира натпреварувањето уште е активна.

Компанијата А22 лани пред неполна година претстави формат на Суперлига, Златна лига и Сина лига наместо Лигата на шампионите, со шеснаесет екипи во првите две дивизии и 32 во сината лига, од кои дваесет екипи годишно ќе испаѓаат. Два клуба ќе бидат промовирани и исфрлени во лигите, а ќе се игра плеј-оф меѓу најдобрите осум во ѕвездената лига за да се одреди победникот.

А22 разговарала со сто клубови, од кои околу шеесеттина покажале подготвеност да се приклучат на Суперлигата.