• Горан Упале

Фудбалската Суперлига доживеа уште еден пораз. Европската унија, по жалба на здружението на елитните дански клубови собрани под името Суперлига, потврди дека тие се носители на тоа име и никој друг не смее да го користи.
Одлуката на Европската унија значи дека европската фудбалска Суперлига, која сè уште не е започната и прашањето дали некогаш ќе започне, ќе мора да го смени името.
Натпреварувањето, кое е поддржано од Реал Мадрид, Барселона и уште од неколку од најсилните европски клубови - од кои некои оттогаш се откажаа од идејата да се одвојат од УЕФА - ќе мора да носи ново име доколку некогаш биде лансирана.
Бидејќи Суперлига е име на кое Данците бараат ексклузивни права, барем така пресуди Европската унија.
„Суперлигата е заштитен знак во заедничка сопственост на данските клубови, така што на потенцијалната идна европска лига не може да ѝ се дозволи да го регистрира брендот Суперлига како заштитен знак во Европската унија. Агенцијата за заштита на брендовите на Европската унија сега даде целосна согласност на данските клубови“. соопшти данската Суперлига.
Проектот на европската Суперлига предизвика големи потреси во светот на фудбалот кога идејата беше претставена и почна да се реализира.
Но, поради големиот отпор на УЕФА, ФИФА, навивачите ширум Европа, како и заканата со казни за клубовите кои ќе бидат дел од новиот проект, набргу речиси сите клубови отстапија од таа идеја.