• Мартин Танасковски

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) покрај што донесе некои нови правила за квалификациите за Европските и Светските првенства на последниот состанок, направи промена и на еден голем настан.
Суперкупот на УЕФА во 2023 година требаше да се игра во Русија, во градот Казан. Но, поради веќе познати причини, тоа е воениот конфликт меѓу Русија и Украина и санкциите кон руската држава, истиот е одземен.
Дуелот меѓу победникот на Лигата на шампионите и на Лигата на Европа е поместен во Атина. Мечот ќе се игра на стадионот „Караискаки“ во Пиреја, на 16 август.