Суперкуп на Шпанија: „Кралевите“ против Билбао, Сосиедад ја чека Барса

Познати се паровите во Суперкупот на Шпанија, по ждрепката која се одржа пред натпреварувањето кое е предвидено да се игра во месец јануари.

На ждрепката имаше рестрикции, затоа што донесено е ново правило двата големи ривали Реал Мадрид и Барселона да може да се судрат само во мечот за трофеј.

Така, „кралевите“ ќе се соочат со Атлетик Билбао, додека Реал Сосиедад ќе игра против Барселона. Првото полуфинале на 13 јануари ќе го играат Реал и Билбао, додека Сосиедад и Барса ќе се судрат на 14 јануари.

Првото полуфинале ќе се игра на стадионот „Нуево Аркангел“ во Кордоба, додека второто полуфинале е закажано на стадионот „Ла Росаледа“ во Малага.

Големото финале за титула е закажано на 17 јануари, на „Естадио де ла Картуха“ во Севиља.