• Иван Димовски

Во пресрет на реванш дуелите во четвртфиналето на Лигата на шампионите, суперкомпјутерот на „Опта“ прогнозираше повеќе работи. Пред сè, искалкулирано е какви се шансите на тимовите за пласман во полуфиналната фаза и тука нема ништо изненадувачко.
Според суперкомпјутерот најмали шанси за пласман понатаму има Борусија Дортмунд и тоа од 1%, наспроти 99% за Барселона која домашниот меч го доби со 4-0. Втор тим со најмали шанси е Астон Вила со 9% и ПСЖ кој има 91% по победата од 3-1. Бранителот на тронот Реал Мадрид загуби 3-0 на „Емирати“ и има 11% шанси да го сврти реваншот против Арсенал. Најотворено е во класикот меѓу Интер и Баерн Минхен, каде што италијанскиот тим има предност од 2-1 и му се даваат 73% шанса за пласман понатаму.
Исто така суперкомпјутерот на „Опта“ направи пресметки и за пласман во финалето, како и освојување на натпреварувањето.
На врвот изненадувачки се најде Арсенал со највисоки 52,9% шанса за влез во финалето и 27,8% шанса да ја освои Лигата на шампионите за првпат. Следува Барселона со 51,7% шанса за пласман во мечот за трофејот и 25,9% за победа. Очекувано, трет фаворит е ПСЖ и четврти е Интер пред Баерн, Реал, Астон Вила и Борусија Дортмунд на која ѝ се даваат 0% шанса да го освои натпреварувањето.