• Иван Димовски

Првото Светско клупско првенство во новиот формат започнува за само неколку дена, а ќе трае цел месец. Турнирот се игра во САД, каде што 32 клуба од сите конфедерации ќе се борат за титулата, само неколку недели по крајот на клупската сезона.
Натпреварувањето ќе го отвори дуелот меѓу Интер Мајами и Ал Ахли на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, додека финалето е закажано во Њу Џерси.
„Opta“ преку својот суперкомпјутер ги објави првичните проценки за фаворитите за светската круна. На врвот на листата е Пари Сен Жермен со 18,5% шанси за титулата. Зад него е Манчестер Сити со 17,8%, додека трет е Баерн Минхен со 12,8%.
Меѓу најсериозните 11 кандидати за трофејот се исклучиво европски тимови. По водечката тројка следуваат Интер (12,3%), Реал Мадрид (9,8%) и Челси (8,4%), а потоа и Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Јувентус, Бенфика и Порто.
