Супер-засилување за Ван Брокхорст: Жоао Марио потпиша за Бешикташ

Преодниот рок во Турција трае до 13 септември и затоа клубовите засилено доведуваат фудбалери за сезоната 2024/25.

Португалскиот фудбалер Жоао Марио се пресели од Бенфика во Бешикташ на едногодишна позајмица, соопшти вечерва клубот од Истанбул.

31-годишниот Жоао Марио игра на средината на теренот, следната година ќе ја помине во Бешикташ, со можност за купување од Бенфика на крајот од сезоната.

Португалскиот фудбалер одигра 56 натпревари за националниот тим и постигна три гола.