Супер-засилување во Велес, Борец потпиша со фудбалер на ЦСКА Софија

Управата на второлигсашот Борец 1919 донесе огромно засилување пред продожението на Втората македонска фудбалска лига. Станува збор за младиот 19-годишен играч на ЦСКА 1948 од Софија, Стефан Ристовски.

Ристовски ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред, а може да ги покрие и крилните позиции. Тој потекнува од младинската школа на Вардар, од каде што премина во Работнички. Добрите игри во клубот од Дебар маало му носат професинален договор во екипата на ЦСКА 1948 од Софија.

Велешкиот клуб ова лето ги доведе: Давид Блажевски, Кристијан Јордановски, Стојан Петковски, Горан Димовски, Петар Јакимов, Матеј Цветановски, Берант Исмаил, Никола Филевски и Флорент Османи. 

По првите три кола во Втората лига, екипата на Борец уште нема бодови на своето конто.