Супер-засилување во Франкфурт: Геце го засили победникот на Лига Европа

Победникот на Лига Европа, бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт донесе големо засилување за сезоната 2022/23. Марио Геце се врати во Бундеслигата и потпиша тригодишен договор со Ајнтрахт Франкфурт.

30-годишиот Геце си замина од Германија во 2020 година и блесна во холандската лига, во дресот на ПСВ Ајндховен.

„Штом Марио Геце го избра Ајнтрахт Франкфурт и покрај многу понуди, тогаш нашиот клуб успеал да изгради имиџ во последните години“, рече спортскиот директор на клубот, Маркус Кроше.

Геце блесна во Борусија Дортмунд, па направи трансфер во Баерн Минхен, пред во 2016 година, но по три сезони се врати во својот матичен клуб. Во Холандија ја врати најдобрата форма и привлече голем интерес ова лето. Неговиот поранешен тренер, Роџер Шмит, инсистираше на премин во Бенфика, но Геце сепак се одлучи за враќање во Бундеслигата.