ВИДЕО: Супер-волеј за „Супер-класико“ - Пити Мартинез со потег на кариерата!

Аргентинското „Супер-класико“ меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата сигурно ќе се памети по спектакуларниот гол со кој натпреварот беше отворен. Гонзало Пити Мартинез со ретко виден волеј во 15. минута ја погоди мрежата на домаќините и го доведе тимот на Гаљардо во водство.

Погледнете го голот со кој Ривер поведе во дуелот со најлутиот ривал: 

 

25-годишниот Гонзало Николас Мартинез пред четири години од Хуракан пристигна во Ривер Плата, а двапати го носеше и дресот на националната репрезентација.