Супер вести за навивачите на Јуве, Душан Влаховиќ се врати во тимот!

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ направи важен чекор кон враќање на терените, откако целосно одработи неколку тренизни со првиот тим на Јувентус. 

Напаѓачот извесен период беше надвор од тимот поради повреда, но последните информации од Италија се охрабрувачки. Влаховиќ тренирал без ограничувања заедно со остатокот од екипата, што значи дека е сè поблиску до настап. 

Во таборот на торинскиот клуб владее оптимизам дека српскиот голгетер наскоро повторно ќе биде во конкуренција за настап. Се очекува првично да започне од клупата и постепено да добива минути на теренот, со цел целосно да се врати во натпреварувачка форма.

Неговото враќање доаѓа во важен период од сезоната, кога „старата дама“ се бори за подобра позиција во Серија А. Тренерот Лучијано Спалети ќе добие значително засилување во нападот, бидејќи Влаховиќ е еден од клучните играчи во офанзивата на тимот.

Јувентус во моментов е на шестото место на табелата во првенството и се бори за пласман во Лигата на шампионите.