Супер вести од Шпанија: Гудељ е успешно опериран и ќе продолжи да игра фудбал!

Драгиша Гудељ, фудбалерот на шпанска Кордоба кој колабираше на последниот меч за својот тим е успешно опериран и ќе може да продолжи со активното играње фудбал! Шпанските медиуми ја пренесуваат оваа убава информација, а сигурно фудбалерот е најсреќен од сите.

Веста за успешната операција ја потврди и тренерот на клубот, Хорхе Хернан Креспо кој изјави дека на Гудељ му е вграден дефибрилатор и е пресреќен што играчот ќе може повторно да му се приклучи на тимот. 

„Оваа комплицирана и стресна недела е конечно позади нас. Добивме убави вести за играчот кој сите во тимот го сакаат и почитуваат. Драгиша е важен дел од нашата екипа и многу сум среќен што ќе може да продолжи со својата кариера. Овие денови не можев да спијам, секакви слики ми поминуваа низ главата, затоа што сето ова се случи многу неочекувано и ненадејно. Сега сум посмирен и му посакувам на Гудељ многу брзо враќање на теренот“, изјави тренерот Креспо.

Да потсетиме, ситуацијата со спрскиот фудбалер не беше воопшто наивна. Тој загуби свест и беше во бессознание околу 300 секунди, а тоа е многу опасно затоа што може да остави сериозни последици на мозокот. За среќа тоа не се случи, а Драгиша Гудељ ќе може да се врати на терените откако целосно ќе закрепне. 

Во својата досегашна кариера, 25-годишниот Драгиша Гудељ настапуваше за Јонг Ајакс, Волен, Виториа Гимареш, Кадиз и Кордоба.