Супер-талентот на Борусија дебитираше за У19 екипата и постигна ШЕСТ ГОЛА!

Мукака

Ако некој се прашува кој е најголемиот фудбалски талент во Германија, тогаш треба да погледне во младинските категории на Борусија Дортмунд.

Таму настапува 14-годишник со потекло од Камерун. Тој се вика Јусуфа Мукоко кој за викендот го имаше своето деби за У19 екипата на „милионерите“. И покрај тоа што играше со далеку постари противници, напаѓачот успеа да постигне дури шест гола и одново ја импресионира германската јавност.

Во победата против Вупертал СВ од 9-2, тинејџерот направи мало гол-шоу и потсети зошто треба многу да се внимава на него во наредните неколку години.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by OVERTIME FC (@overtimefc) on

Мукоко е роден во 2004 година и од пред две сезони е дел од гигантот од Дортмунд. Минатата сезона ја одбележа со фантастични 50 гола на 28 натпревари за У15 екипата.

Ваквите статистики зад неговото име беа причината да започне истрага околу неговата вистинска возраст. Неговата мајка има само 30 години, што е причина лпус за сомнеж. Таткото Џозеф вели дека никој не смее да се сомнева во годините, туку треба да ужива во талентот на неговиот син.