• Мартин Танасковски

Екипата на Нант режира фантастичен пресврт и го победи Ленс (3-2) во рамки на првиот натпревар од колото во француската Лига 1.
- Извештај од натпреварот:
Иако домашниот тим по првиот дел губеше со два гола, во вториот дел успеа да ја надополни таа негатива и да го сврти мечот во своја корист.
Ленс имаше двојна предност по првите 45 минути со головите на Коста и Калимуендо, но со два брзи гола во десет минути во второто полувреме, Нант дојде до 2-2 преку Коло Муани. Голот вреден три бода падна во 90. минута, преку Симон.
За Нант ова беше седма победа во Лига 1 сезонава и тимот се наоѓа на десеттото место со 25 бода, додека Ленс е петти со 27 бода и пет меча без победа.