ВИДЕО: Супер-пресврт на Јуве кај Селта, Динамо победи во 96. минута

Италијанскиот калчолигаш Јувентус оствари значајна победа на гостувањето во Галиција, совладувајќи ја Селта со 1-2 по пресврт во завршницата на натпреварот.

  • Селта Виго - Јувентус 1-2:

Домашниот тим поведе во 17. минута, кога Алварез одлично ја следеше акцијата на Селта и од непосредна близина ја испрати топката во мрежата за 1-0. Јувентус имаше можност да израмни уште во првото полувреме, но Волтемаде не ја искористи големата шанса. „Старата дама“ сепак успеа да се врати во натпреварот во 58. минута, кога по голема грешка на одбраната на Селта, гостите ја искористија подарената можност и стигнаа до израмнување.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Јувентус зададе удар во самиот финиш. Камбијасо испрати одличен центаршут, а Коло Муани се најде на вистинското место и со удар со глава од околу пет метри ја затресе мрежата за конечни 2-1.

Динамо Загреб забележа голема победа над Андерлехт (1-0) со доцен гол во екстра-времето. Херој на „модрите“ беше Дион Бељо, кој реализира најстрога казна во 96. минута. Никола Серафимов се врати во тимот на Левски, но остана на клупата во ремито со НЕЦ Најменхен (1-1).

  • Бенфика - Селтик 4-1:

Бенфика покажа моќ во соочувањето со Селтик (4-1), Борнмут беше сигурен со Штурм Грац (3-0), Ференцварош освои три бода против Плзен (2-1), а во ефикасен дуел, Хофенхајм дома загуби од Бешикташ (2-3).

  • Олимпик Марсеј - Олимпијакос 0-1:

Изненади домашниот пораз на Олимпик Марсеј од Олимпијакос (0-1), Рен со доцен гол го победи ОФИ Крит (2-1), а Јагјелонија имаше 3-1 против Арарат.