ВИДЕО: Супер-потези на Меси, Џонс се вртеше како вртимушка по теренот

Лионел Меси даде два гола во првиот дел на мечот против Манчестер Јунајтед, а имаше и атрактивни потези со кои ја бунеше противничката одбрана.

Моќта на аргентинскиот ас кој важи за еден од најдобрите во историјата на фудбалот, на своја кожа ја почувствува Фил Џонс. Пред финишот на првиот дел, Меси тргна во контра, а Џонс се обидуваше да му ја земе топката. Но, поради елегантните потези на Аргентинецот, дефанзивецот на „ѓаволите“ на терен се вртеше како вртимушка и изгледаше смешно.

  • Потезите на Меси во дуелот со Фил Џонс:

Фудбалерот на Барселона со двата гола против Манчестер Јунајтед ја прекина четвртфиналната „криза“ во Лигата на шампионите и даде гол во овој дел од нокаут-фазата за првпат по 2013 година.