ВИДЕО: Миовски даде јубилејна „десетка“ за Абердин и прослави како Роналдо!

Македонскиот интернационалец Бојан Миовски има одлична вечер и се запиша во листата на стрелците за шкотски Абердин во Премиер лигата.

Нашиот напаѓач погоди во дресот на шкотскиот премиерлигаш на натпреварот против Хибернијан (1-0). Се играше финишот на првиот дел кога Абердин доби пенал, а Миовски се покажа како сигурен реализатор во судиското надополнување кое траеше повеќе од 55 минути.

Вреди да се напомене дека Миовски шутираше двапати пенал. Првиот го промаши, судиите со помош на ВАР видоа дека голманот при изведувањето ја напуштил гол-линијата, па погоди од „втора шанса“.

Погодокот напаѓачот го прослави како Кристијано Роналдо. За Миовски ова беше десетти гол во дресот на Абердин. Македонецот има девет гола во Премиер лигата и еден во Лига Купот.