ВИДЕО: Супер-контрола и магичен гол на „ѓаволот“ Игало во Линц

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Одион Игало, ги исплаќа одвоените средства за негов ангажман со нов ефектен гол во дресот на „ѓаволите“, овој пат во Лигата на Европа.

Нигериецот погоди на гостувањето кај ЛАСК во Линц (0-1). Напаѓачот реализира во 28. минута, откако ја прими топката пред казнениот простор, покажа супер-контрола и ефектно биеше во горниот дел од голот.

  • Погодокот на Игало кај ЛАСК: 

За Игало ова беше четврти погодок во дресот на Манчестер Јунјатед, втор во Лигата на Европа по оној против Клуб Бриж.