Супер-компјутер го предвиде ЕП 2020, погледнете какви шанси ѝ даде на Македонија

Веќе стана навика, супер-компјутер да предвидува исход на едно големо натпреварување. Така е случајот и оваа година, кога ќе се одигра Европското првенство низ цела Европа, поточно во 11 различни градови.

Шампионатот беше одложен за една година, поради пандемијата со коронавирусот. Но, денес се очекува да започне она што се очекуваше да се случи минатото лето.

Вкупно ќе се одигра 51 натпревар, а на 11 јули, кога е закажано големото финале, ќе се круниса европскиот првак. Португалија го брани тронот, а меѓу фаворитите за највисок пласман оваа година се уште Англија, Франција, Шпанија, Белгија, Германија, Италија...

Македонија за првпат ќе се претстави на големите натпреварувања. Ќе игра во групата Ц заедно со Австрија, Холандија и Украина. Супер-компјутерот предвидува дека нашата репрезентација нема да има шанси да обезбеди пласман во осминафиналето и ќе заврши на последното место во групната фаза. 

Во големото финале се предвидува дека ќе стигнат Франција и Германија. На крај трофејот ќе заврши во рацете на „триколорите“, кои ќе слават во неизвесен меч со пет гола (3-2).