• Зоран Мишевски
Ривер Плата и Бока Јуниорс во едно од најголемите дерби соочувања во светскиот фудбал одиграа 1-1 во натпревар од седмото коло од аргентинскиот Лига Куп.
„Супер-класико“ дуелот се одигра во реновираниот „Монументал“, каде фановите на Ривер создадоа атмосфера за паметење. Сепак, нивните миленици не успеаја да победат против најголемиот ривал, иако поведоа во 49. минута со голот на Пабло Солари. Сепак, Бока стигна до бод преку Медина, кој погоди во 70. минута.
- Извештај од натпреварот:
Ривер води во групата А со 13 бода, додека Бока е седма во групата Б со 10 бода.