ВИДЕО: Супер-издание на Санчез, Севиља лесно со најслабиот тим во Примера

Екипата на Севиља се избори за значаен триумф на гостувањето кај Ваљадолид и славеше со убедливи 0-4 (0-2) во натпреварот од 24. коло на шпанската Примера

Гостите од Андалузија рано во првото полувреме најавија дека се дојдени по целиот плен, а тоа се потврди со голот на Хуанлу Санчез уште во петтата минута, кон кој се приклучи Исак Ромеро, кој го постави резултатот на паузата (0-2). 

Вторите 45 минути претставуваа чиста рутина за Севиља, иако домаќинот неколку пати опасно се закани и сакаше да ја врати неизвесноста. Ваљадолид до крајот на мечот шутна вкупно трипати во рамките на голот, но не успеа да постигне ниту почесен погодок. Севиља зголеми на 0-3 со вториот гол на Санчез во 67. минута, а конечните 0-4 беа дело на Доди Лукебакио, кој стрелаше шест минути до крајот на регуларното време. 

Севиља сега е десеттопласирана со 31 бод, исто колку што имаат Мајорка, Реал Сосиедад и Џирона, а Ваљадолид тоне уште подлабоко и го впиша дури седумнаесеттиот пораз сезонава, со кој се истакнува како главен канидат за преселба во Сегунда