• Саше Љолес
Екипата на Рома доживеа вистинска катастрофа на гостувањето на „Артемио Франки“ кај Фиорентина и загуби со убедливи 5-1 (3-1) во натпреварот од деветтото коло во Серија А.
- Извештај од натпреварот:
Потопот на „волчицата“ беше најавен по само 17 минути, откако во листата на стрелците се запишаа Моизе Кин и Лукас Белтран. Рома успеа да намали на 2-1 со голот на Ману Коне во 39. минута, но потоа повторно на сцената стапи Кин, кој го постави резултатот на полувремето, 3-1.
Вторите 45 минути донесоа голема иницијатива на домашниот тим, кој продолжи да го торпедира ривалот и на крајот сосема заслужено го впиша четвртиот сезонски триумф. Едоардо Бове зголеми на 4-1 во 52. минута, а конечните 5-1 дојдоа по автоголот на Матц Хумелс, кој ја затресе сопствената мрежа само четири минути откако доби шанса за дебитантски настап во Серија А.
Фиорентина сега има 16 бода и се искачи на четвртата позиција, додека за Рома ова беше трет меч без победа и останува на десет бода, доволни за единаесеттото место на табелата.