Супер-издание на Гринвуд, Марсеј повторно е привремен лидер во Франција

Екипата на Олимпик Марсеј повторно го презема врвот на табелата во Лига 1, откако вечерва славеше со огромни 1-5 на гостувањето кај Ница и уште еднаш ги потврди своите шампионски амбиции сезонава. 

Гостинскиот тим водеше со 0-2 на паузата, а стрелци во првиот дел беа Пјер-Емерик Обамејанг и Мејсон Гринвуд. Англичанецот постигна уште еден гол во второто полувреме, каде му се приклучија уште Тимоти Веа и Игор Паишао. 

За Марсеј ова беше деветта победа сезонава, со која барем привремено ќе биде над второпласираниот ПСЖ, кој има натпревар помалку.