ВИДЕО: Супер-голот на Барди меѓу најдобрите во квалификациите за ЕП

Македонската фудбалска репрезентација успеа да слави кај Летонија (0-2), а еден од погодоците на овој натпревар доби место меѓу најдобрите во изборот на УЕФА.

Енис Барди ја потврди победата, со еден супер-гол од дваесетина метри и одличен шут од далечина. УЕФА го препозна квалитетот на погодокот и го смести меѓу најдобрите во рамки на 5. и 6. коло од квалификациите за ЕП 2020.

  • Најдобрите голови на 5. и 6. коло на ЕП:

Македонија со победата над Летонија ги задржа шансите за пласман на втората позиција на табелата која носи место на континенталниот фудбалски собир.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 10 8 1 1 18:5 13 25
2 АвстријаАвстрија 10 6 1 3 19:9 10 19
3 МакедонијаМакедонија 1 10 4 2 4 12:13 -1 14
4 СловенијаСловенија 1 10 4 2 4 16:11 5 14
5 ИзраелИзраел 10 3 2 5 16:18 -2 11
6 ЛетонијаЛетонија 10 1 0 9 3:28 -25 3