• Горан Упале
Екипата на Јувентус одново ги разочара своите фанови, откако на гостување кај Каљари освои само еден бод (2-2). Сепак, поранешниот шампион треба да биде задоволен од овој исход, затоа што по првото полувреме имаше негатива од 2-0, а голот за реми го постигна во 87. минута.
По победата над Фиорентина пред две кола се чинеше дека Јувентус конечно ќе излезе од кризата, но ремито со Торино и вечерашната поделба на бодовите се уште еден доказ дека нешто во таборот на гигантот не чини. Момците на Масимилијано Алегри одново потфрлија со својот перформанс, а сигурно мета на критики ќе биде и самиот тренер, пред сè поради начинот на кој го подготви тимот за овој натпревар, како и за изборот на почетните единаесет.
Јувентус го имаше поседот на топката во првиот дел, но тоа воопшто не донесе резултат. „Црно-белите“ беа безопасни и креираа само една посериозна шанса за погодок, додека домаќинот ги искористи своите и на полувреме замина со предност од 2-0. Интересно е тоа што Каљари двата гола ги постигна од најстрога казна, а стрелецот не беше ист. Првиот пенал го реализира Гаетано, додека вториот Мина.
„Старата дама“ и во вториот дел имаше иницијатива на теренот, а тоа конечно вроди со плод во 61. минута, кога Влаховиќ од слободен удар погоди за 2-1 и најави неизвесна завршница.
- Извештај од натпреварот:
Каљари долго време одолеваше на налетите на фаворитот, но така беше до 87. минута кога Досена несреќно си постигна автогол за конечни 2-2.