ВИДЕО: Супер-гол на Тељо во мрежата на Столе, реми на Бетис и Рајо

Екипата на Рајо Ваљекано во чии редови настапува македонскиот голман Столе Димитриевски, одигра реми на првиот меч под водство на новиот тренер Хемес, против Бетис (1-1), на домашен терен.

Рајо имаше седум порази во низа во шпанската елита, а ова се први бодови за тимот уште по месец јануари. Димитриевски бранеше од првата минута, а еднаш ја вадеше топката од сопствената мрежа, кога во 81. минута, Тељо постигна одличен гол со шут откосо.

Претходно, Рајо Ваљекано имаше предност благодарение на погодокот на Де Томас во 34. минута од натпреварот на „Кампо де Фудбол де Ваљекас“. 

Рајо е претпоследен во Примера со 24 бода, додека Бетис се наоѓа на деветтата позиција и е во игра за едно од местата кои водат во Европа.