ВИДЕО: Супер-гол на Родри, Сити убедлив пред градското дерби со Јунајтед

Манчестер Сити како голем фаворит дојде до победа на гости кај Барнли (1-4) и привремено се врати на втората позиција во англиската Премиер лига и воедно со убедлив триумф го најави градското дерби со Манчестер Јунајтед во наредното коло.

  • Барнли - Манчестер Сити:

„Граѓаните“ на Пеп Гвардиола одиграа доминантен натпревар, а прашањето околу победникот го решија во второто полувреме. Два гола во мрежата на противникот постигна Габриел Хесус, во 24. и 50. минута, а потоа во 68. минута следеше еден супер-гол на Родри од далечина.

Во 87. минута реализираше и Ријад Марез, а Сити пак не успеа да помине со „чиста мрежа“, затоа што две минути подоцна, Бреди по една конфузија во шеснаесетникот погоди во мрежата на Едерсон.

До три бода дојде и Кристал Палас, кој на домашен терен го совлада Борнмут (1-0). Голот вреден победа во Лондон падна во 76. минута, кога МекАртур го проигра Шлуп, а тој погоди. Вреди да се напомене дека домашните дојдоа до триумф со играч помалку затоа што исклучен беше Мамаду Сако.