ВИДЕО: Супер-гол на Милинковиќ-Савиќ, Лацио лесно до четвртфинале во Купот

Екипата на Лацио обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во Купот на Италија откако на „Олимпико“ со убедливи 4-1 (4-0) беше подобра од аутсајдерот Новара.

Калчолигашот си ја заврши работата со едно моќно полувреме, а вториот дел од мечот беше само рутина. Одличен беше Чиро Имобиле со два гола, но исто така тука е и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој имаше солиден меч и успеа да постигне фантастичен погодок од слободен удар.

Српскиот репрезентативец стрелаше од прекин пред крајот на првиот дел, а голманот немаше шанса да интервенира. Исто така, тој изнуди и пенал. Покрај двата гола на Имобиле, еднаш во листата на стрелците се запиша и Алберто. За Новара почесниот гол го даде Еусепи.

Лацио е првиот четвртфиналист во Копа Италија, а во наредната рунда ќе игра со Интер или Беневенто.