ВИДЕО: Супер-гол на Халер, Вест Хем го закова Шефилд Јунајтед на дното

Шефилд Јунајтед не е ни одблиску на ланското ниво, а Вест Хем фати ритам и граби кон горниот дом на Премиер лигата. Во вториот неделен натпревар од деветтото коло на англиската елита, „чеканите“ на Дејвид Мојс извојуваа победа од 0-1 (0-0) во Шефилд и ја запишаа четвртата победа сезонава.

  • Извештај од натпреварот: 

По почетокот со многу збрканост во организацијата на играта и малку зрели шанси за гол, мометот на одлука се случи во 55. минута. Поранешниот фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт, Французинот Себастијан Халер силно биеше од работ на казнениот простор и топката заврши во левиот горен агол н Рамздејс (0-1). 

Иако во игра влегоа Ампаду и Норвуд, Шефилд Јунајтед не успеа да се врати и загуби по осми пат во девет натпревари, па иако е рана фаза на сезоната, ќе биде вистинско чудо ако обезбеди опстанок во Премиер лигата.