• Зоран Мишевски
Лидерот во Бундеслитата, Баер Леверкузен беше многу блиску до првиот пораз оваа сезона, но со гогл во финишот дојде до 1-1 (0-1) против Борусија Дортмунд во претпоследниот натпревар од 13. коло на шампионатот на Германија. Сепак, ова реми може да му донесе лидерско место на Баерн Минхен, ако извојува победа против Унион Берлин во одложениот натпревар.
- Баер Леверкузен - Борусија Дортмунд 1-1:
Дуелот одлично почна за момците на Чаби Алонсо и Флориан Вурџ постигна ефектен гол. Сепак, по интервенција на ВАР-системот голот беше поништен заради недозволена позиција на зачетокот на акцијата, Осоколените гости од Дортмунд изведоа прекрасна акција во петтата минута, а Јулиан Раерсон го матира Храдецки и го отвори резултатот (0-1).
И покрај заморот од настапот во Милано, Борусија Дортмунд одлично го отвори вториот дел. Сепак, замените на Чаби Алонсо и пеколниот напаѓачки тандем Шик-Бонифејс ги спаси „апотекарите“ од првиот пораз. По прекрасна акција на Шик, Африканецот Бонифејс се најде на вистинско место и од непосредна близина го совлада Кобел. За фудбалерот од Брегот на слоновата коска ова е осми гол оваа сезона.
- Маинц 05 - Фрајбург 0-1:
Гостинска победа запиша и Фрајбург, кој освои три бода на гостувањето во Маинц 05 (0-1). Единствениот погодок го постигна Михаил Грегорич.