• Мартин Танасковски
Англиската Премиер лига денеска го објави целиот распоред на натпреварите за сезоната 2025/26, која официјално ќе започне во петок, на 15 август, а ќе заврши на 24 мај 2026 година.
Бранителот на титулата, Ливерпул, ќе ја отвори новата сезона со дуел против Борнмут, кој ќе се игра на „Енфилд“ од 21:00 часот на 15 август (петок). Првиот викенд ќе донесе и неколку возбудливи средби. Во сабота, 16 август, ќе се одиграат следните натпревари:
Астон Вила – Њукасл (13:30)
Брајтон – Фулам (16:00)
Нотингем Форест – Брентфорд (16:00)
Сандерленд – Вест Хем (16:00)
Тотенхем – Барнли (16:00)
Вулверхемптон – Манчестер Сити (18:30)
Во недела, 17 август, на програмата се две дерби средби:
Челси – Кристал Палас (15:00)
Манчестер Јунајтед – Арсенал (17:30)
Првото коло ќе биде заокружено со мечот меѓу Лидс и Евертон, кој ќе се одигра во понеделник, 18 август, со почеток во 21:00 часот.