ВИДЕО: Супер Демировиќ го води Штутгарт кон ЛШ, Лајпциг го испадна Сент Паули

Во попладневниот термин од 33. коло во Бундеслига, Штутгарт оствари огромна победа над Баер Леверкузен со 3-1 и направи голем чекор кон пласман во Лига на шампиони.

Блескава партија прикажа Ермедин Демировиќ. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина уште во 5. минута погоди за израмнување на 1-1. Пред крајот на првото полувреме токму Демировиќ избори пенал за својот тим, кој успешно го реализираше Максимилијан Мителштет.

Босанскиот напаѓач имаше голема улога и кај третиот погодок на Штутгарт, кога ја започна акцијата што продолжи преку Џејми Левелинг, а ја заврши Дениз Ундав за конечни 3-1.

Со оваа победа, Штутгарт сега сам одлучува за својата судбина. Доколку во последното коло го совлада Ајнтрахт Франкфурт, ќе обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.

Во другиот меч во фокусот, Сент Паули загуби од РБ Лајпциг со 2-1 и официјално испадна од Бундеслигата. Хофенхајм ја продолжи трката за ЛШ со победа над Вердер Бремен (1-0), а триумфира и Аугсбург против Менхелгнадбах (3-1).