ВИДЕО: Супер-деби на Лукман, Атлетико ептен лесно го декласира Бетис

Екипата на Атлетико Мадрид полесно од очекуваното се пласираше во полуфиналето од Купот на Кралот. Во прволигашкото дерби од оваа фаза, момците на Диего Симеоне од Севиља се враќаат со убедлива победа над Бетис од 0-5 (0-3).

Мадриѓани неочекувано многу лесно стигнаа до три гола предност уште во првото полувреме. Мрежата на Бетис прв ја затресе Ханчо во дванаесеттата минута, а по половина час игра Џулијано Симеоне зголеми на 0-2. Во финишот од првиот дел деби гол постигна зимското засилување Лукман за убедливи 0-3 на полувреме.

Во вториот дел темпото на игра на Бетис падна, а тоа го искористи Антоан Гризман кој во 62. минута погоди за 0-4 по асистенција на Лукман кој заработи одлична оценка на дебито за „јорганџиите“ по трансферот од Аталанта. Пред финишот следеше и петти гол кој беше дело на нововлезениот Алмада.

  • Извештај од натпреварот:

Атлетико Мадрид е последниот патник во полуфиналето од Купот на Кралот, а таму уште се Барселона, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао.