ВИДЕО: Супер-Бојан со два гола го донесе Абердин зад Селтик и Ренџерс

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра во добра форма во Шкотска и со два гола учествуваше во дерби-победата над Хибернијан (4-1) на отворањето на колото во Премиер лигата.

Нашиот репрезентативец даде еден гол во првото и еден во второто полувреме. Првиот пристигна од пенал во екстра-времето и тоа „од втора“, откако го промаши првиот шут од белата точка, но судиите со ВАР му дадоа втора можност и реализира. Голот во мрежата на ривалот, Миовски го прослави како Кристијано Роналдо.

Првиот гол на Миовски:

Вториот гол на Миовски:

Вторпат Миовски стрелаше во 53. минута по еден корнер на Кларксон откако се најде осамен во казнениот простор и со глава ја стресе мрежата на гостите. За Абердин погодија уште Рамадани и Кларксон, единствен стрелец за гостите беше Кухаревич.

Со оваа победа Абердин го презеде третото место на табелата во Премиер лигата. Тимот застана веднаш зад гигантите Селтик и Ренџерс. Бојан Миовски има десет гола во шкотската елита и е на второто место на листата на стрелци, или вкупно единаесет за Абердин со оној гол во Лига Купот.