Сулејмани и Демај последни засилувања на Струга Трим Љум

Екипата на Струга Трим Љум во последниот ден од зимскиот трансфер-период на ПМФЛ договори уште две нови имиња во своите редови. 

Во пресрет на првото коло од пролетната програма на прволигашите, новајлијата се засили со Албан Сулејмани и Анџело Демај. Сулејмани во Струга пристигна од екипата на Македонија ЃП, додека Демај досега настапуваше за Шкендија

Со овие две нови имиња тренерот Беќири го затвори ростерот со кој во наредните месеци ќе брка опстанок во прволигашкото друштво. 

Во првото коло од вториот дел од сезоната на ПМФЛ, Струга Трим Љум ќе се сретне со екипата на Работнички, која оваа зима значително ги засили своите редови. 

<<< ПОВРЗАНО - ПМФЛ-трансфери: Странците во прв план, Работнички и Шкупи најактивни