ВИДЕО: Судиските одлуки кои го налутија Вардар на дербито со Шкендија

Наместо да се зборува за дербито, по натпреварот на Вардар и Шкендија пак се говори за судиите. Незадоволен од арбитражата е актуелниот фудбалски шампион, од каде тренерот Александар Васоски потенцира три моменти по кои неговата екипа била ограбена.

Вардаровата легенда вели дека главниот судија Марјан Гоцевски не досудил два чисти пенали за Вардар, а истовремено дозволил Шкендија да постигне нерегуларен погодок за 1-3, за кој се смета дека имало офсајд.

  • Спорните моменти на големото дерби во Скопје:

И тоа ова не е првпат да има незадоволство по дербијата. Речиси по секој меч, прстот е вперен кон судиите, дали од едната, или другата екипа.