ВИДЕО: Судискиот Јусеин Болт – спринт во 94. минута кој ја посрамоти цела одбрана

Ксамакс

Тун го победи Ксамакс со убедливи 3-0 во мечот од долниот дел на табелата во швајцарското првенство. 

Немаше да се зборува толку за овој натпревар, ако не беше главниот судија Федај Сан. Тој го украде шоуто со еден спринт, кој предизвика сеир за одбранбените фудбалери на гостинската екипа.

Кога Тун тргна во контра напад, арбитарот започна да трча и успеа да ја надмине брзината на сите гостински играчи.

Тоа се случуваше во 94. минута, што само ја докажува физичката подготовка на швајцарскиот судија.