Судиски превид на АКН: Фудбалер доби два жолти картони, но не беше исклучен (ВИДЕО)

Салах

Главниот судија на мечот меѓу Египет и Брегот на Слоновата коска направи превид и не исклучи фудбалер кој доби две јавни опомени.

Симон Дели најпрво заработи жолт картон во деветтата минута, а потоа и во второто продолжение од натпреварот. Мохамес Салах бараше противничкиот дефанзивец да ја напушти играта, но судијата не покажа така, па тој остана на теренот.

Египетската репрезентација преку пеналите го елиминира противникот и се пласира во четвртфиналето.